|
Известување за седници на ИО и Собрание |
|
|
|
|
Wednesday, 22 February 2012 11:49 |
|
There are no translations available.
Почитувани членови на Извршен Одбор и Собрание,
Ве информираме дека на ден 24.02.2012год.(петок) во просториите на нашето здружение „Регионален центар за одржлив развој“ со почеток во 14.00 часот ќе се одржа III седница на Собранието. Еден час порано редовна седница ќе одржи и Извршниот Одбор. Дневниот ред за седниците можете да ги погледате тука: Дневен ред за седница на ИО Дневен ред за седница на Собрание |
|
|
Одржана завршна конференција на тема „Подобрување на општествениот статус на жената Ромка“ |
|
|
|
|
Monday, 20 February 2012 13:03 |
|
There are no translations available.

На 16 Февруари 2012 година, со почеток во 11 часот, во просториите на ресторант „Линка“, Куманово, се одржа завршната конференција предвидена во рамки на проектот „За подобра општествена застапеност на жената Ромка“. На конференцијата учество земаа Лилјана Поповска, Претседател на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите, при Собранието на РМ,
|
|
Read more...
|
|
Информација за наградени трудови од објавениот конкурс за ликовни и литературни творби на тема „Сочувајте ја енергијата во училиштата и домовите“ |
|
|
|
|
There are no translations available.

Во рамките на проектот „Енергетските ресурси – виза за зелена иднина“ кој се спроведува од страна на „Регионалниот центар за одржлив развој“ Кратово, а е поддржан од канцеларијата на Светска Банка, во периодот од 14.11 - 05.12. 2011 година имаше отворен повик за доставување на ликовни и литературни творби за сите ученици од основните училишта во општините Кратово, Пробиштип, Крива Паланка, Ранковце и Старо Нагоричане на тема: „СОЧУВАЈТЕ ЈА ЕНЕРГИЈАТА ВО УЧИЛИШТАТА И ДОМОВИТЕ“.
|
|
Read more...
|
|
|
Kонференција на тема „Подобрување на општествениот статусот на жената Ромка“ |
|
|
|
|
There are no translations available.
На 16 февруари 2012 година (четврток) во Ресторан „Линка“ - Куманово, во период од 11 до 14 часот ќе се одржи конференција на тема „Подобрување на општествениот статусот на жената Ромка“, како дел од проектот „За подобра општествена застапеност на жената Ромка“, финасиски поддржан од Амбасадата на САД во МАкедонија.
На конференцијата ќе бидат претставени резултатите до кои е дојдено при спроведувањето на проектните активности, а воедно ќе се дискутира околу моменталната состојба, како и предизвиците и можностите за превземање на активности за промена на веќе постоечките политики за социјална инклузија на жената Ромка. На средбата ќе земат учество претставници на јавни институции, невладини организации и активисти кои работат во оваа област. Ги покануваме сите заинтересирани своето присуство да го пријават на тел. 031/481-542 секој работен ден од 08.00-16.00 часот или на e-mail:
This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it
најдоцна до 14.02.2012 година.
Предлог агенда. |
|
Повик за учество на обуки |
|
|
|
|
Wednesday, 08 February 2012 14:38 |
|
There are no translations available.
Регионалниот центар за одржлив развој во соработка со 9 организации на национално ниво, спроведува циклус од две дводневни обуки на тема:
1) Обука за мониторинг на спроведувањето на децентрализираните надлежности и
2) Обука за мониторинг на јавните набавки на локално ниво.
Обуките ќе се спроведуваат во периодот март-јуни 2012 година. Партнери за реализација на обуките се Центарот за развој на локалната демократија (ЦРЛД) и Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) од Скопје.
По завршувањето на обуките, ќе се изготви методологија за мониторинг и ќе оформат тимови за мониторинг составени од најуспешните учесници на обуките. Во втората половина на 2012 година, со менторска помош од страна на ЦРЛД и ЦГК, локалните партнерски организации ќе го набљудуваат работењето на локалните власти и ќе изготвуваат извештаи од мониторингот.
|
|
Read more...
|
|
|
|
|
<< Start < Prev 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Next > End >>
|
|
Page 1 of 22 |